Геноцид од Исламската држава: Обезглавени Христијани, стотици илјади раселени

"Геноцид од Исламската држава: Обезглавени Христијани, стотици илјади раселени"

Сирио-јаковитскиот Архиепископ Атанасиј Тома Давуд, во неговото последно интервју дадено за „Inquisitr“, вели дека Исламската држава (ИД) за своја цел ги има поставено Христијаните – велејќи им или да примат Ислам или да бидат убиени, нешто што, според неговите зборови, е еднакво на геноцид.

– Веќе сметаме дека се работи за геноцид – етничко чистење, – изјавил тој. – Го убиваат нашиот народ во име на Аллах, и на луѓето им велат дека оној којшто ќе убие Христијанин ќе оди право во рајот, таква е нивната порака. Ни ги запалија црквите, ни ги запалија нашите стари книги. Ги оштетија нашите крстови и статуите на Дева Марија. Сега ги запоседнаа нашите цркви и ги пренаменија во џамии.

Архиепископот Атанасиј е поглавар на Сирио-јаковитската црква во Англија. Тој ги повика властите во Обединетото Кралство да се погрижат за бегалците од милитантите на Исламската држава.

Во неговото интервју тој ги поткрепува тврдењата дека ИД е вклучена во геноцид врз христијанските заедници, пропратен со обезглавување на христијански деца.

Халдео-католичкиот Патријарх од Ирак, г. Луис Сако, посочи дека сто илјади Христијани биле принудени да ги напуштат нивните домови од Ниневиската Рамнина, откако најголемиот христијански град беше заробен од страна на милитантните Муслимани. – Тие побегнаа од своите села и домови. Ова е егзодус, еден встински крсен пат. Христијаните боси чекорат по овие летни горештини кон курдските градови Ирбил, Духок и Сулајмија. Меѓу нив има многу болни и стари лица, бебиња и бремени жени. Соочени се со една човечка катастрофа и ризикуваат да ги снајде вистински геноцид“.

Соединетите Американски Држави презедоа акција за спречување на геноцидот од страна на ИД, кој е насочен не само против Христијаните, туку и кон другите верски малцинства, па дури и Муслиманите кои не го делат истото убедување со терористите-Вахабисти. САД започна нов воздушен напад против ИД, со цел да ги поддржи курдските сили кои го бранат Ербил. Вториот бран на воени напади наводно неутрализирал конвој од исламски терористи кои се приближувале кон главниот град на курдскиот регион.

Геноцидот спроведен од Исламската Држава се заканува да предизвика вистинска хуманитарна криза, со 200 000 бегалци кои се соочени со недостиг од храна и вода.

Извор: Inquisitr