Заупокоена Литургија во манастирот на св. вмч. Георгиј, с. Дељадровце

"Заупокоена Литургија во манастирот на св. вмч. Георгиј, с. Дељадровце"

На 7.06.2014 година, во прекрасната манастирска црква на св.вмч. Георгиј во с. Дељадровце, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р. Јосиф и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи заупокоена Литургија и годишен помен за блаженоупокоениот Митрополит г. Кирил. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На Литургијата беа присустни и Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и Митрополитите Тимотеј, Наум и Иларион.