На 24.10.2015 г. Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Високопреосветените Митрополити тетовско-гостиварски г. Јосиф и кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши големо осветување на новиот храм, посветен на светата преподобномаченичка Параскева – Петка во населбата Точила, Прилеп.
После осветувањето, се отслужи Света Божествена Литургија, на која сослужуваа и деканот на Православниот Богословски Факултет, протоереј-ставрофор Ацо Гиревски, архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архимандритот Никола Трајковски, игуменот Григориј Настевски, како и повеќе свештенослужители од Преспанско-пелагониската епархија.
На Литургијата пееја двата градски прилепски хора, едниот од црквата „Свето Благовештение“ и другиот при новоосветената црква „Света Петка“, под диригентската палка на протопсалтот Георгиј Секулоски.