Градоначалникот на Барселона ветува помош за изградба на нов православен храм

"Градоначалникот на Барселона ветува помош за изградба на нов православен храм"

Рускиот Конзулат и Благовештенската парохија од Корсунската епархија побарале од градоначалникот на Барселона да им определи земјиште за изградба на нов православен храм.

„Градоначалникот ни вети дека ќе ни помогне околу ова прашање и предложи новата црква да ја лоцираме во една од двете нови области во развој во градот“, објави на својата веб страна Информативната служба на Синодскиот Оддел за надворешни црковни односи. Прашањето било разгледно и на состанокот на одборниците на Благовештенската црква, рускиот Генерален Конзул во Барселона, г. Јуриј Клименко и старешината на храмот, игуменот Серафим Павлов.

Благовештенската црква во Барселона, покрај својата богослужбена намена, служи и за одржување на неделни катихетски школи, часови по каталонски јазик, но и како библиотека и кантина. На иконостасот во црквата насликана е и икона на св. Евлалија, заштитничката на Барселона.

Извор: Правмир