Грчки митрополит посведочи за чудото што неодамна му се случило

"Грчки митрополит посведочи за чудото што неодамна му се случило"

На денот на одбележувањето на споменот на светиот старец Георгиј Карслидис (4 ноември, н.ст.) во Драма (град во северо-источна Грција) пристигнал Филаделфискиот митрополит г. Бенедикт, кој посакал срдечно да се заблагодари на преподобниот старец за чудото кое неодамна му се случило по молитвите на светиот, јавува грчкиот сајт Romfea. Имено, митрополитот подолго време се соочувал со сериозни здравствени проблеми поврзани со гласните жици. Иако бил на преглед кај повеќе познати лекари, никој од нив не можел да ја открие причината на неговото заболување и да даде точна дијагноза како би можело да се започне со лечење.

Слушајќи го советот на игуманијата Порфирија, владиката се напил од водата која била осветена од моштите на преподобниот Георгиј во Вознесенскиот манастир во Драма, и после прочитаната молитва неговото грло било исцелено. Како помош за икономијата на манастирот, а во знак на благодарност за чудото на исцелувањето, митрополитот му подарил крава на манастирот.

Извор: Правмир