Грузиската православна црква апелираше до грузиското Собрание да го одложи усвојувањето на Законот против дискриминација, укажувајќи дека истиот може да содржи членови кои се спротивни на грузиските традиционални вредности.
Во соопштението на Црквата, објавено на 28 април, се наведува дека верниците сметаат дека законот против дискриминација е „промоција и легализација“ на еден „смртен грев“, затоа што во него се вклучени „сексуалната ориентација“ и „родовиот идентитет“, како ставки по кои дискриминацијата е забранета.
Усвојувањето на овој закон е еден од условите за визна либерализација на Грузија, со која на грузиските граѓани ќе им биде дозволен краткотраен престој во земјите на ЕУ без потреба од ваѓање на дозвола за престој.
Претходно, неколку грузиски православни свештеници го кренаа својот глас против предлог-законот, но ова е прв пат Грузиската Патријаршија да излезе со јавен став против законот.
Извор: Pravmir.com