Грузискиот Патријарх побара обновување на богослужбениот живот во грузиските цркви во Турција

"Грузискиот Патријарх побара обновување на богослужбениот живот во грузиските цркви во Турција"

Католикосот-Патријарх на Грузија, г.г. Илија II, месецот во Патријаршијата оствари средба со Претседателот на Комисијата за религиски прашања на Турција, г. Мехмет Гомез, и од него побара да овозможи извршување на богослужби во грузиските цркви на територијата на денешна Република Турција. Прашањето за решавање на правниот статус на грузиските цркви и добивањето на право на сопственост врз нив беше тема која се отвори уште при посетата на Светејшиот Патријарх на Турција во октомври 2011 година. Претходно беше испратено и писмо на барање до турската Влада.

– Какули, Ишкани, Канцта, Ошки, Отк’хта, тие се историски монашки центри, грузиски лулки. Грузијците кои доаѓаат во Турција ги посетуваат црквите и се молат. Можеби постои можност таму да служат монаси и да се возобнови богослужението на грузиски јазик во нив – изјави Патријархот Илија на средбата.

Според Католикосот, муслимската заедница во Грузија ги ужива сите права за исповедање на нејзината вера. Во Грузија постојат 311 активни џамии, а истовремено, во Турција нема грузиски цркви.

Од турска страна беше побарано обновување на две џамии, Азизие и Акмедие, а беше посочен и неодамнешниот инцидент со поставување на свинска глава на вратата од новоотворената медреса (муслиманско верско училиште) во Кобулети од страна на тројца малолетни деликвенти.

Извор: Православие.ру