Грузискиот Патријарх Илија II ја повика власта на грузиската земја да сопре со процесот на продажба на грузиски имот на странски државјани, пренесува „Т’билиска недела“. Во врска со овој тековен феномен, Грузиската Патријаршија објави и специјално соопштение:
„Како што е познато, во согласност со одлуката на Уставниот Суд, обновен е процесот на продажба на грузиска земја на странски државјани. Денес, во услови на тешка финансиска состојба на руралното население, кое е принудено да го продава својот имот и земја, новата иницијатива во голема мера ќе го загрзи опстанокот на државата. Ние немаме ништо против странскиот капитал и современите технологии, зашто развојот на полјоделството без нив не е возможен, но истиот процес би требало да се држи под контрола.
Грузиската земја не треба да се продава, а грузискиот народ не е должен да биде нечиј персонал. Запознаени сме со активностите на Грузиската Влада кои се спроведени со цел развој на полјоделството, но во оваа фаза е неопходно да се преземат дополнителни мерки, меѓу кои е и издавањето на долгорочни и поволни кредити за населението. Напоредно со ова, ја повикуваме Владата на Грузија итно да преземе соодветни мерки и да развие одредена регулатива со цел неутрализација на негативните тенденции.
Се обраќаме и кон претставниците на финансиските институции и ги молиме привремено да го сопрат процесот на продажба на земјише со цел покирање на долговите на населението. Ги повикуваме грузиските претприемачи да ја засилат својата активност во областа на полјоделието, а фармерите да почнат со обработување на земјата и да ја сочуваат за идните поколенија“, се наведува во соопштението од Патријаршијата.
Патријархот Илија го поддржа грузискиот Министер за економија, г. Гиорги Квирикашвили, кој ја осуди одлуката на Уставниот Суд со што мораториумот на продажба на грузиска земја на странски лица се укина како неуставно.
Извор: Православие.ру