Грузискиот Претседател помилувал 121 затвореник на денот на св. Георгиј

"Грузискиот Претседател помилувал 121 затвореник на денот на св. Георгиј"

Грузискиот Претседател Георгиј Маргевлашвили помилувал 121 затвореник на денот на св. Георгиј Победоносец (23 ноември), кој е државен празник во Грузија. Претседателот на грузискиот Државен комитет за помилување на затвореници, г. Звиад Кориѕе изјавил дека потврдата за помилувањата ја добил на 21 ноември годинава.

Според резолуцијата на Претседателот, 93 затвореници требале да ја напуштат казнената установа до крајот на 21 ноември; казната на дополнителни 28 осуденици била ублажена. Според информациите, бил помилуван и еден затвореник осуден поради тешко кривично дело. Неговата казна била преполовена. – Што се однесува на осудениците поради кривични дела поврзани со производство и дистрибуција на наркотици, помилувањето значело и нивно ослободување – додал г. Кориѕе. Меѓу помилуваните се нашле и три жени и три малолетни лица.

Секоја година на денот на св. Георгиј грузискиот Претседател носи одлука за помилување на осуденици. Оваа година биле разгледани вкупно 752 барања за помилување.

Извор: Правмир