Во торжествена атмосфера, во Неделата на светиот апостол Тома, втора по Пасха, во свештенички чин беше ракоположен отец Христо Сито, еден од мозамбиските студенти во богословијата во Кенија.
Во словото изговорено по хиротонијата, Неговото Високопреосвештенство, г. Јован истакна дека е особено радосен на изборот на отец Христо да ѝ служи на Црквата на св. апостол и евангелист Марко, една од најстарите Цркви во Африка.
Како одговор, отец Христо ја искажа својата благодарност до Александрискиот Патријарх Теодор, Митрополитот Јован и Кенискиот Митрополит Макариј, декан на богословијата во Кенија.
Извор: Dogma.gr