Христијаните како најомразено малцинство во муслиманските земји

"Христијаните како најомразено малцинство во муслиманските земји"

Според најновиот видео запис на познатиот автор м-р Рејмонд Ибраим, Христијаните се најомразеното и најпрогонуваното малцинство во светот денес. Парадоксално, средствата за масовно информирање го запоставуваат овој факт, и јавуваат единствено за најсензационалните случаи од оваа појава. Во извештајот на г. Ибраим се вели: „За Христијаните кои живеат во земји со мнозинско муслиманско население, мачењето и смртта се секојдневие. Пораката што се пренесува е следната: ‘Бидете мирни или ќе ве убиеме’.“

Имено, дури 20% од населението на Северна Африка и Блискиот Исток било христијанско пред само 100 години, додека денес нивниот број изнесува 4%; најголем пад во статистиката е забележан последната декада: „Само во последните ве години десетици илјади египетски Христијани (Копти) го напуштиле Египет, а голем број од останатите би сакале да го напуштат, но не можат финансиски да си го дозволат тоа. Секоја година, на Божик и Велигден има неколку десетици жртви во запалени цркви низ целиот Египет.“

Она што зачудува, нагласува докторантот по средновековна исламска историја, е дека западните медиуми речиси и да не го разгледуваат овој феномен, затоа што, според него, тоа би внело забуна во приказната која тие ја градат со години, поврзана со обесправувањето на Муслиманите, европската колонизација и постоењето на Израел. „Истово да ѝ се случуваше на било која друга малцинска група, истото ќе беше прикажано како најтрагично прекршување на човековите права во денешното време“, заклучува г. Ибраим.

Рејмонд Ибраим е роден во Египет и е специјалист по арапска историја и јазик. Моментално работи на неговиот докторат по средновековна исламска историја. Досега има објавено две книги од оваа област: „Водич за ал-Каеда“ и „Повторно распнати: Разоткривањето на новата војна на Исламот против Христијаните.“ Магистрирал во областа на воената историја меѓу исламските и византиските сили.

Видеото е на англиски јазик:

Извор: Правмир