Божествена Литургија во Третата недела по Педесетница во Манастирот на Свети Јоаким Осоговски

"Божествена Литургија во Третата недела по Педесетница во Манастирот на Свети Јоаким Осоговски"

На 29.06.2014 година, на празникот на св. Тихон Аматунтски во Третата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.