Трета недела по Педесетница

"Трета недела по Педесетница"

На 22.06.2015 година, во Третата недела по Педестница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. По светата Литургија беше осветен новиот Кивот на гробот на свети Јоаким Осоговски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.