Митрополитот Иларион Алфеев разговарал за украинските Унијати со папата Франциск

"Митрополитот Иларион Алфеев разговарал за украинските Унијати со папата Франциск"

Волоколамскиот Митрополит г. Иларион при неодамнешната посета на Ватикан, со папата Франциск разговарал за дејствијата на украинските грко-католици. Во соопштението објавено од Одделот за надворешни црковни работи на Московската Патријаршија, се вели дека Митрополитот ја споделил неговата длабока загриженост поради вклучувањето на украинската Грко-католичка црква во политичкиот конфликт, и тоа од страната на силите кои се непријателски насочени кон Руската православна црква. Понатаму, тој изразил надеж дека украинските унијати ќе ја променат оваа пракса и повеќе нема да носат еднострани и исполитизирани изјави, поддржувајќи ја постоечката шизма.

Алфеев го запознал понтифот со ситуацијата во источна Украина, каде што се убиени тројца свештеници и над 50 цркви се делумно или целосно уништени. Според него, „конфликтот во оваа земја, со кој илјадници луѓе ги загубија своите животи, од самиот почеток доби верска димензија, а украинската Грко-католичка црква одигра значајна улога во неговото разгорување.“

Извор: Московска Патријаршија