На 14 јануари 2014 година, со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски г.г.Кирил, а на покана на Архиепископот Антониј, Митрополит на Мексико, Централна Америка, Венецуела и Карипски (Антиохиска Патријаршија), Волокамскиот Митрополит г. Иларион, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, пристигна во Мексико.
На меѓународниот аеродром „Бенто Хуарез“ г. Иларион го пречекаа Архиепископот Јустинијан, администратор за парохиите на МП во САД, Епископот Алексеј од Мексико (ПЦА), рускиот амбасадор г. Малајан, свештенството на РПЦ во Мексико и САД, и руски дипломати од Мексико Сити.
Во ВИП салата на аеродромот се одржа братски разговор меѓу Митрополитот Иларион и Архиепископот Антониј. Беше разгледана ситуацијата со православието во Мексико, како и различни аспекти од внатреправославните односи.
За време на посетата, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски ќе оствари средби со Секретарот на Претседателот на Мексико, г. Мигуел Ангел Осорио Чонг, Министерот за надворешни работи г. Карлос Алберто де Каса Гонзалес и со Кардиналот Норберто Рибера Карера.
Планирано е Митрополитот да богослужи Божествени Литургии, и да ги посети неговите сонародници во Мексико.
Извор: mospat.ru