Свети пророк Илија

"Свети пророк Илија"

На 2.08.2017 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с.Орашац – Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.