На 29 јули 2014 година, кога Црквата го слави споменот на св. свештеномаченик Атиноген, еп. Севастиски, во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча, Архиерејска заупокоена Божествена Литургија по повод илјадолетието од битката на Беласица отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф.
Извор: Струмичка епархија, Струмица Денес
Фото: Струмичка епархија, Столе Ангелов