Имињата на коптите убиени од ИД во Либија додадени во диптихот на Коптската црква

"Имињата на коптите убиени од ИД во Либија додадени во диптихот на Коптската црква"

Коптската црква објави дека имињата на дваесет и едниот египетски копт кои беа убиени од страна на милитантите на Исламската држава се додадени во коптскиот синаксар. Одлуката била донесена на предлот на Коптскиот патријарх Тавадрос II. Според новинските агенции, мачеништвото на овие жртви ќе се слави на 8-ми амшир според коптскиот календар, односно 15 февруари по григоријанскиот календар. Нивниот спомен се совпаѓа со празнувањето на Сретението Господово.

Како што е веќе познато, киднапираните копти кои уште пред Нова Година се водеа за исчезнати, биле убиени од страна на либискиот огранок на т.н. „Исламска држава“. Веста за нивното убивање предизвика бурни реакции низ светот. Меѓу другите, Рускиот Патријарх упати остра критика кон милитантите на ИД, велејќи дека нивните дејствија се „еден ужасен предизвик за сите нас“. Според Неговата Светост, токму поради ваквите дејствија денес во светот исламот се демонизира: „Никој не може да направи нешто полошо за исламот одошто самите тие“.

21-koptski-macenici

Римскиот Папа, пак, упатил утешни зборови, велејќи дека Господ ќе ги прими како маченици, затоа што тие пострадале единствено затоа што се христијани.

Извор: Правмир