Московската Патријаршија е загрижена поради штетата нанесена врз црквите и страдањето низ кое минува клирот, како последица од вооружените судири во Украина.
Руската Црква побара имунитет за светите места во Украина: „Црквата го обновува своето барање на имунитет за светите места, и клирот да не биде жртва на омраза. Свештениот простор во црквите и манастирите мора да биде заштитен од било каков напад. Во ова тешко граѓанско премрежје, ова е особено важно, затоа што луѓето својата надеж ја пронаоѓаат во црквите“, изјавил Претседателот на Синодалниот информативен оддел, г. Владимир Легојда минатиот петок.
Црквите во југоисточна Украина „и понатаму се мета на неселективен напад“, продолжил г. Легојда. „И во древните времиња, и во Средниот век, па и во соговремената историја, црквите, манастирите, сиропиталиштата и болниците, и другите свети градби и места биле правно заштитени, и нуделе заштита за секој кој ќе ја побарал во домот Божји“.
– За жал, во оваа братоубиствена војна во Украина, ниту црковните ѕидини, ниту свештеничкиот авторитет може да понуди заштита од насилство – нагласил тој.
Извор: Интерфакс