Информативната служба на Кумановско-осоговската епархија изработи два инфографици – календари посветени на а) подготвителните недели пред Великиот пост и б) неделите од Великиот пост. Како што самото име кажува, инфографиците претставуваат средство со кое преку графичка презентација на брз начин се пренесуваат корисни податоци. На овој начин, се надеваме дека ќе го помогнеме Великопосното патешествие на посетителите на нашата веб презентација.
Инфографиците се достапни во .pdf и .jpg верзија на следниот линк: Издаваштво.