Иницијатива за воспоставување ден за помен на жртвите на абортус

"Иницијатива за воспоставување ден за помен на жртвите на абортус"

Автономната непрофитна организација наречена „Заедно да спасиме живот“ (Сохраним жизнь вместе), до Неговата Сесветост, Патријархот Кирил испратила барање за воспоставување на ден за помен на младенците пострадани во абортус. Тие го предлагаат 18 ноември за таков ден, јавува Интерфакс.

Според писмото испратено до Патријархот, Русија не само што била првата држава во која абортусот бил легализиран (на 18 ноември 1920 г.), туку „сѐ уште има најлиберална легислација во светот поврзана со ова прашање и, како последица, има највисока стапка на абортуси“.

– Истовремено, Црквата, засновајќи се на откровението на Евангелието, јасно учи дека нероденото дете е полноправна личност со достоинство и значење пред Бога – се вели во документот.

Во говорот одржан пред државната Дума на 22 јануари годинава, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил предложи абортусот да биде исклучен од задолжителното здравствено осигурување и го критикуваше заменското (сурогат) мајчинство. Според него, абортусите во државните болници се плаќаат со пари од даночните обврзници, а немал процент од работоспособното население во Русија е изричито против убивањето на деца.

Патријархот во својот говор од почетокот годинава исто така предупреди дека „развојот на модерните репродуктивни технологии не треба да ја уништи светоста на мајчинството“.

Извор: Правмир.ру