Започна со работа Институтот за православна мисла и култура во Пенсилванија, САД

"Започна со работа Институтот за православна мисла и култура во Пенсилванија, САД"

На Источниот Универзитет во Филаделфија, Пенсилванија (САД) е отворен Институт за православна мисија и култура како плод од соработката меѓу академскиот персонал и група на православни клирици и лаици. Институтот ќе служи како интелектуален и духовен дом за православните студенти и професори, и ќе овозможи проучување на грчкото, арапското и словенското православно предание преку изучување на соодветната книжевност, мисла, философија, богословие, историја, уметност и музика.

Институтот нуди додипломски студии по Православна мисла и култура, кои ќе се изучуваат во поширок контекст на христо-центричната едукација од сферите на уметноста и науката. Постоечката академска структура ќе биде искористена за да им се овозможи на православните студенти да се стекнат со квалификации во интер-дисциплинарни студии. Исто така, Институтот ќе овозможи воведни курсеви од општата образовна програма на Универзитетот, како Стар Завет, Нов Завет и богословие.

Моментално, на Источниот Универзитет студираат 4 300 студенти поделени на пет школи и колеџи.

Дополнителни информации може да се добијат на следната веб-страна: http://www.eastern.edu/orthodox/