ИСИС ги користи црквите во Мосул како кланици и соби за измачување

"ИСИС ги користи црквите во Мосул како кланици и соби за измачување"

Меѓународната организација “Christian Concern” со седиште во Вашингтон на нејзината веб-презентација ја објави веста дека при неодамнешната прослава на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, милитантите од Исламската Држава ги користеле древните христијански цркви во Мосул како ритуални кланици за животни. Една од ваквите цркви била и сирио-јаковитската црква на св. Ефрем Сирин, чија историска и културна вредност е непроценлива, а која по заземањето од страна на ИСИС била претворена во „џамија на муџахедините“.

Пред заземањето од страна на милитантите во јуни годинава, Мосул бил центар за христијанско влијание во Сирија. Оттогаш па наваму, најголемиот број христијани се или убиени, или присилно иселени. Абу Аси, свештеник кој служел во Мосул, за медиумите изјавил дека милитантите ги користат црквите во Каракош како соби за измачување, додека еден манастир на северот од Мосул бил пренаменет во затвор за жени: „Повеќето затворенички се христијанки кои се присилуваат да примат ислам“.

Според информациите од светските новински агенции, во Ирак и Сирија систематски се уништува јудео-христијанското наследство.

Извор: Правмир