Исламските милитанти напредуваат кон ‘Мхардех

"Исламските милитанти напредуваат кон ‘Мхардех"

Локалното население е одлучно: Мхардех нема да биде следниот Мосул

‘Мхардех, град во северен Ирак, одбива да го снајде истата судбина како Мосул и Маалула. Локалните жители велат дека попрво сите ќе изгинат, отколку да го напуштат градот со огромна археолошка важност, со бројни римски споменици и дури пет цркви. ‘Мхардех, исто така, е роден град на блаженоупокоениот Патријарх Антиохиски Игнатиј IV. Кон крајот на јули годинава, градот бил гранатиран, и контролниот пункт на сириската армија на југот од градот бил пробиен, но за среќа, Националната гарда успеала да го поврати. При нападите, погинале седум војници.

Лидерот на Националната гарда на ‘Мхардех, Симон наречен „Абу Фахд“ вели дека постојаните напади на ал-Нусра не можат да направат ништо за градот со 17-илјади Христијани да биде поробен. Убеден е дека „градот нема да падне, со Божја волја“. Симон нагласува дека поради проодноста на западната порта на градот, тие успеваат да се снабдат со залихи за секојдневен непречен живот. „Во ‘Мхардех не престанаа свадбите и погребите. Нашите маченици ги погребуваме достоинствено“, додава тој.

Абу Фахд потврдува дека војувањето не е дел од христијанската вера, која секогаш повикува на взаемно простување и мир. Меѓутоа, сигурен е дека тие се принудени да земат оружје во раце за да ја одбранат нивната историја, цивилизација и достоинство: „Ние не го одбравме ова своеволно, но нема да дозволиме некој да гази на нашата земја и семејство. Црквата не нè поддржува отворено, меѓутоа таа е рамо до рамо со нас, затоа што нашето постоење е дел од нејзиното“, укажува тој.

Дијаспората, исто така, игра важна улога во опстанокот на ‘Мхардех. Според сведоштвото на локалното население, секојдневно пристига помош од сите страни на светот, со што носењето на воениот крст станува подносливо.

Извор: Оронтес Сирија