Во црквите на Источниот брег на САД ќе се одбележи 50-годишнината од прославувањето на светиот праведен Јован Кронштадтски. Главниот настан ќе се одржи на 1 ноември, и ќе започне со Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Првојерархот на Руската задграничка црква, г. Иларион, во црквата на светителот во Јутика, Њујорк, која инаку е прв храм посветен токму на праведниот чудотворец од Кронштадт. На г. Иларион ќе му сослужуваат Нивните Преосвештенства, г. Николај, Епископ на Менхетен и г. Петар, Епископ на Кливленд.
Истиот ден, во синодската Катедрала во Њујорк ќе биде отслужена Божествена Литургија, на која ќе биде изложено и чесното расо на светителот.
Со благослов на Митрополитот Иларион, истиот ден, Епископот на Наро-Фоминск, г. Јован, Администратор на Патријаршиските парохии на Московската Патријаршија ќе чиноначалствува со Архиерејска Литургија во црквата на св. Серафим Саровски (црква-споменик на воспоставувањето на единство во Руската Црква) во Си Клиф, Њујорк. Верните ќе имаат ретка можност да се поклонат пред камилавката на светителот.
Извор: Руска задграничка црква