За денес, 8 мај 2014 година во 20 часот по локално време е закажана историска конференција во Женева, Швајцарија, на којашто седумте религиски и секуларни водачи од најголемите христијански заедници во Сирија едногласно ќе говорат за ситуацијата во нивната татковина, која е лулка на цивилизацијата и Христијанството. Конференцијата е со наслов „Христијаните во Сирија: Предизивик на едногласноста“. Најавено е да говорат поглавари и лидери од православната, сирио-јаковитската, грко-католичката и римо-католичката заедница.
Овој единствен настан ќе понуди платформа за сириското домородно христијанско население, пред чии апели Западот се оглушува. Во Женева, христијанските лидери ќе ги обединат силите и ќе го вклучат алармот за континуираното страдање и масовна емиграција на нивните загрозени верници од Сирија и Блискиот Исток.
Г. Џони Месо, Претседател на Светскиот Совет на Арамејци (Јаковити), изјави:
„Ми претставува голема чест да учествувам во организацијата на овој значаен настан. И покрај разликите во богословието, сите ние сме обединети во нашата вера во Христа и во нашата одлучност да преживееме на Блискиот Исток. Како Јаковити, ние преживеавме масовни исселувања и претходно, во Турција и Ирак. Не успеавме да го предвидиме сличното искуство во Сирија. Сепак, искрено веруваме дека ако можеме да организираме едно христијанско тело во Сирија и да ги мобилизираме нашите верници, ќе имаме поголемо влијание во завојуваните страни и нивните поддржувачи. Ќе започнеме во Женева, и ќе ја продолжиме мировната мисија во Брисел, Стразбур, Њујорк, Вашингтон, Москва и другите клучни градови“.
Извор: Wca-ngo.org