Секојдневното молење е навика на 20% од православните, и 10% од Русите-муслимани

"Секојдневното молење е навика на 20% од православните, и 10% од Русите-муслимани"

Според најновата анкета спроеведена од истражувачките агенции Среда и Паблик Опинион, 12% од руските граѓани се молат секојдневно. Една петтина од граѓаните над 60 години, и една четвртина од оние со здравствени потешкотии секојдневно наоѓаат прибежиште во молитвата.

Понатаму, според верската припадност, 22% од православните христијани, и 10% од муслиманите во Русија се молат секој ден. Истражувањето покажало и дека образованието и финансиските приходи немаат значително влијание врз молитвената навика.

Истражувањето било извршено над примерок од 1.500 испитаници од 43 региони во април годинава.

Извор: Interfax