Според најновото истражување спроведено од Истражувачкиот центар „Средина“, меѓу 1500 испитаници во Руската Федерација, само 4% од руските граѓани се запознаени со догмата за Света Троица. Малку над просекот, со тријадологијата на Црквата се запознаени 9% од православните христијани, што значи дека еден од десет верници има макар најмала претстава за Бог Троица.
Процентот варира зависно од возрасните групи, зголемувајќи се паралелно со зголемување на возраста: 3% од граѓаните под 45-годишна возраст се изјасниле дека ја знаат догмата, наспроти 6% од граѓаните над 60 години. Според истражувањето, и географскиот фактор има значително влијание врз познавањето на оваа догма. Во градовите со над 1 милион жители, 15% од испитаниците ја знаат оваа догма, наспроти 0% во помалите градови и села. И, наспроти 10-те проценти на потврдни одговори на прашањето за догмата за Света Троица добиени во Централната федерална област, стојат 0% добиени од испитаниците од Сибирската област.
Извор: Pravmir.ru