Раѓање на св. Јован Крстител

"Раѓање на св. Јован Крстител"

На 07.07.2017 година, кога црквата го празнува споменот на раѓањето на светиот пророк и претеча Јован Крстител – Иванден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Jосиф во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Јован Крстител“ – Кратово. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беше благословен кумскиот леб.