Избран првиот Кумановско-осоговски митрополит

"Избран првиот Кумановско-осоговски митрополит"

Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница одржана на 17 септември 2013 г., разгледа повеќе прашања од актуелниот живот на Црквата. За пополнување на новоформираната Кумановско-осоговска православна епархија, со седиште во Куманово, со титула Митрополит Кумановско-осоговски, Светиот Синод го избра Неговото преосвештенство, досегашниот епископ Лешочки г. д-р. Јосиф.

Интронизацијата на новопоставениот епархиски архиереј ќе биде на 10 ноември 2013 г. (недела), во соборниот храм „Свети Никола”, во Куманово.

Господ да му даде мудрост и сила правилно да раководи со Словото на Неговата Вистина.

На многаја и благаја лета, Ваше Високопреосвештенство!

Од свештенството и верниот народ на Светата Кумановско-осоговска Митрополија