На 10 ноември во Атина отворена е изложба на тема „Духовни врски меѓу Русија и Грција: Валаам и Света Гора“. Изложбата ќе трае до 1 декември, и е отворена за сите посетители. Истата е во организација на Министерството за култура на Руската Федерација, Музејот за мултимедијална уметност, Хеленскиот Американски колеџ и Хеленско-Американскиот Сојуз, а во соработка со Музејот за фотографија од Солун, Руската национална библиотека и Издавачката куќа „Индрик“.
На изложбата ќе бидат прикажани фотографии од 19 век, на кои е прикажан духовниот живот и ширењето на христијанството и монаштвото во двете земји. Фотографските хроники од 1887 г. „Погледи од Валаамскиот манастир“ и од 1881 г. „Манастири и скитови на Света Гора Атонска“ ќе бидат исто така изложени.
Посетителите ќе можат да се запознаат и со писанијата на руските писатели од Сребрениот век – Борис Зајцев и Иван Шмелев.
Извор: Amen.gr