Израелски археолози пронашле црква стара 1500 години

"Израелски археолози пронашле црква стара 1500 години"

Тим на израелски археолози во јудејските ридови при крајот на минатата година пронашол рушевини од црква стара 1500 години. Во ископините е откриен и еден извонредно сочуван поден мозаик на којшто се преставени ранохристијански мотиви – лавови, лисици, риби, пауни, грозје и геометриски фигури.

– Црквата се наоѓала југозападно од Ерусалим, и била активна меѓу петтиот и седмиот век по Христа. На подот од црквата е изработен еден од најубавите мозаици, изјавил предводникот на тимот, Амир Ганор.

1

Отпрвин археолозите сметале дека станува збор за синагога, но потоа биле пронајдени камења во кои биле врежани крстови. Црквата била изградена во римско време, кога теригоријата била населена со Евреи.

2

3

Мрежата тунели што се наоѓа под црквата ги навела археолозите да заклучат дека во вториот век по Христа на тоа место се криеле еврејските бунтовници против римската окупаторска власт, пренесуваат агенциите.

4

Она што е можеби, најважно е дека е лоцирана мала пештера под олтарот, до која водат камени скалила. Археолозите сметаат дека пештерата потекнува од 6 век пред Христа, и дека истата претставува гробница во која бил погребан еден од старозаветните пророци, светиот Захарија.

Извор: Танјуг