Антиохискиот Патријарх Јован X: Христијаните не ја оставаат земјата за која сраснаа

"Антиохискиот Патријарх Јован X: Христијаните не ја оставаат земјата за која сраснаа"

Неговата Светост, Антиохискиот Патријарх Јован X положи камен-темелник за изградба на камп за бегалците од насилството од радикалите-такфиристи од Исламската држава во Ирак и Сирија.

На 28 август годинава, поглаварот на Антиохиската православна црква го посети христијанското гратче Хубнимру, соопшти информативната служба на Патријаршијата. Во црквата на светиот Георгиј Победоносец тој бил пречекан од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Акарски Василиј, свештенството и верниот народ на гратчето од провинцијата Хомс. Во црквата на св. Јован Претеча беше интонирана сириската химна, по што започна сеноќно бдение на кое на Патријархот му сослужуваа Преосветените Епископи Мојсеј и Ефрем.

По завршувањето на бдението, Неговата Светост положи камен-темелник на кој е испишан архипастриски благослов за бегалски камп што треба да биде прибежиште за стотина Христијани и Муслимани кои се лишени од нивните домови, и се обрати пред присутните со пастирско слово, во кое, меѓу другото, рече: „Христијаните, слично на повеќевековните дабови што виреат наоколу, нема да ја остават својата земја за која сраснаа со корените од своите души. Слободата на сирискиот народ, неговата љубов кон светот и неприфаќањето на филозофијата на војување и насилство прават од него победник кој уште посилен и појак ќе излезе од сите сегашни искушенија.“

На крајот, тој нагласи дека улогата на Христијаните на Блискиот Исток била и останала во прегратките на големата Сирија, каде што рамо до рамо со своите браќа Муслимани граделе цивилизација чија светлина ја осветлува целата вселена.

Извор: Антиохиска Патријаршија