Ќе се гради камп за поклоници покрај Троице-Сергиевата Лавра

"Ќе се гради камп за поклоници покрај Троице-Сергиевата Лавра"

Во јули оваа година покрај ѕидините на Светата Троице-Сергиева Лавра во Подмосковие ќе се изгради камп од шатори на површина од 44 хектари за сместување на 100.000 поклоници кои ќе земат учество во серускиот крстен ход, посветен на 700-годишнината од раѓањето на св. Сергиј Радонежски, јавува ИТАР-ТАСС. Ова било објавено од заменик-заседавачот на градот Москва, г. Сергеј Перов при средбата посветена на претстоечката прослава на Сергиевиот Посад.

„Крсната литија ќе започне крај ѕидините на Варницкиот ставропигијален манастир во Јарославската област, и во деновите од 15 до 17 јули ќе продолжи по територијата на Московската област. Се очекува околу 100.000 луѓе да земат учество на настанот“, изјави г. Перов.

„На територијата непосредно до Троице-Сергиевата Лавра ќе биде поставен камп од шатори на површина од 44 хектари. Претседателот на работната група на претседателот на Руската Федерација за одбележување на 700-годишнината, полномошникот на г. Владимир Путин, г. Александар Беглов при крајот на јануари ќе одржи специјално советување по ова прашање“, објасни тој.

– Иако постојат различни естимации во однос на бројноста на поклониците, она што е важно е постоењето на усогласеност меѓу регионалните и општинските власти, заклучи г. Петров.

Извор: pravoslavie.ru