Во еден часот после полноќ, на 11 август се појавила првата змија во Аргинија на островот Кефалонија, во Предпразненството на Успението на Пресвета Богородица. Малку подоцна се огласиле и црковните камбани кои ја објавиле оваа радосна вест.
Во 19 часот истиот ден, во свештениот храм на Пресвета Богородица во Аргинија бил отслужен и молебен кон Пресвета Богородица.
На источниот брег од јонскиот остров Кефалонија, близу селото Маркопуло, се наоѓа мала црква посветена на Успението на Пресвета Богородица. Многу години наназад, од празникот на Преображение до Голема Богородица се појавуваат змии внатре и надвор од црквата, чијшто број секојдневно се зголемува, а кои мештаните ги нарекуваат „Богородични змии“. Тие денови жителите на селото Маркопуло ги собираат змиите и веруваат дека треба да ѝ ги принесат на Пресвета Богородица, за празникот на нејзиното Успение.
Според локалното Предание, змиите, како претставници на бесловесната животинска природа, го слават празникот на Богомајката заедно со Христијаните. На овој начин, луѓето се потсетуваат на рајската градина, во која првосоздадените луѓе живееле заедно со животните, славејќи Го Бога.
Извор: Агиоритико Вима (Светогорски чекор)