Двајцата христијански епископи киднапирани во Сирија во април 2013 година се добро и „на безбедно“, далеку од вооружените судири меѓу милитантните групи на Исламската држава и силите на претседателот Башар Асад. Ова се тврди во еден извештај објавен во весникот „Ал-Акбар“. Според истиот весник, епископите Јован Ибраим и Василиј се чуваат на тајно, но безбедно место, во владеење на Исламската држава.
Како што е познато, владиците беа киднапирани пред речиси две години во близина на Алеппо, северна Сирија. Одговорноста за нив неофицијално ја презеде келијата на Ал-Каеда наречена Асбат ал-Ансар, која во моментов е лојална на Исламската држава.
Недамна, сирио-јаковитскиот патријарх Ефрем II оформи работен комитет со единствена цел – лоцирање и ослободување на киднапираните владици. Според медиумските информации, неколку разузнавачки служби лиферувале информации дека имаат информации за локацијата на киднапираните, но дека за евентуалната соработка бараат сто илјади американски долари. Откако комитетот стапил во контакт со нив, било заклучено дека се работи за дезинформација и обид за манипулација.
До овој момент Исламската држава не побарала откуп. Христијанското малцинство во Сирија, кое според последниот попис сочинува 5% од целата популација, е виртуелно непостоечко во моментов, откако цели 4 години е изложено на закани, напади и убиства.
Извор: Нахарнет