Претстојателот на УПЦ-МП благословил сугуб пост за мир во Украина: секој петок од Постот до зајдисонце да се јаде само леб и вода, и во молитвеното правило да се додадат 12 молитви „Оче наш“ и „Богородице Дево“ со земни поклони, соопштува порталот “Православная жизнь”. Во посланието упатено до свештенството, монаштвото и верниот народ, Киевскиот митрополит нагласил дека Великиот Пост е време на поусрдни молитви, милостина и подвизи.
– Постот и молитвата – тоа е оружје против гревот; тие ја зајакнуваат нашата вера, носат мир во нашите души и нè соединуваат со Бога. Со оглед на сложената граѓанска и политичка ситуација во Украина, а поради воспоставување на мирот во нашата татковина и сочувањето на интегритетот на нашето општество, се благословува свештениците, монасите и мирјаните на Украинската Православна Црква во петоците од Великиот Пост да го засилат постот (по можност со целосно исклучување на храна, освен леб и вода до заоѓањето на сонцето), а исто така, во текот на денот да прочитаат 12 молитви „Оче наш“ со земни поклони и 12 молитви „Богородице Дево“ со земни поклони – се вели, меѓу другото, во посланието.
Извор: Православие.ру