Киевскиот Митрополит Онуфриј уште еднаш повика на прекин на војната

"Киевскиот Митрополит Онуфриј уште еднаш повика на прекин на војната"

Украинските медиуми ги пренесуваат клучните точки од скорешното интервју на киевскиот Митрополит г. Онуфриј: „Ги почитувам и уважувам властите. Секоја власт е од Бога дадена. Но, Бог ни ги дава властите за тие да ја исполнат Божјата волја. Тие треба да го одржат мирот, а не да водат војни. Оттука, иако ги почитувам и уважувам властите, барам од нив да направат сè што можат за да ја сопрат војната“.

Според него, Црквата не поддржува ниту една од страните вмешани во воениот конфликт:

– Како и после револуцијата од 1917 година, и сега, после револуцијата од 2013/4 година Црквата го повикува народот да се смири и да си прости еден на друг. Единствено на овој начин можеме да го сочуваме интегритетот на нашата Украина. Тоа е единствениот начин на кој е можен нашиот развој, умствен и физички.

Главната причина, пак, за војната е отпаѓањето на човекот од Бога, смета Високопреосветениот Митрополит:

– Да се покаеме и да се вратиме при Господа: сè ќе сврши во еден момент и ќе имаме добар, убав и мирен живот. На сите луѓе кои страдаат во воените зони им испраќам благослов Божји, за со Бога да живеат, и да бидат храбри. Им порачувам: Бог нема да ве напушти. Ќе издржите“.

Извор: Интерфакс