Во вторник, 21 октомври 2014 г., Грчката Православна Митрополија во Торонто одржа конференција посветена на Вселенската Патријаршија на тема „Размислувања за минатото – поглед кон иднината“. Конференцијата ја отвори Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Торонто г. Сотириј, по што беше емитувана видео порака од Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.
Во неа, Патријархот истакна дека Православната Црква е Црква на живото предание, а не само една Црква од минатото: таа го крева својот пророчки глас и одговара на современите предизвици со кои се соочуваат Христијаните денес.
Преку излагањата на присутните професори беше разгледана историската и црковна улога на Патријаршијата, нејзиното мисионерско дело и борбата за верска слобода, како и промовирањето на правата на православните Христијани низ целиот свет од страна на членовите на Братството на свети Андреј.
Извор: Вселенска Патријаршија