Недела Крстопоклона

"Недела Крстопоклона"

На 31.03.2019 година, во Третата недела од Великиот Пост, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Василиева Литургија. Пред Литургијата, во чтец беше произведен г. Александар Тимчевски. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.