Латвијците го сметаат Путин за Божји гласник

"Латвијците го сметаат Путин за Божји гласник"

Поглаварот на Евангелистичката Лутеранска заедница во Латвија, г. Јанис Ванагс во интервју дадено за латвискиот весник „Диена“ го пофалил рускиот Претседател, Н.Е. г. Владимир Путин, и го искритикувал моделот на живеење што Западот го наметнува врз остатокот на светот.

„Во обраќањата на Путин Латвијците гледаат разумност, особено кога тој говори за традиционалните вредности и потребата за верување. Во нивните очи, Путин изгледа како Божји гласник“, рекол лутеранскиот поглавар. Одговарајќи на прашање за редефинирањето на семејните вредности, повикот за одбивање на традиционалниот брак и обидите за легализација на педофилијата, г. Ванагс појаснил дека за Латвијците ваквите тенденции се самоубиствени.

„Западниот свет не ни носи само добро. Неговата т.н. блага сила нè лишува од националниот идентитет и традиционалниот начин на живеење. Вистината е следна – Латвија и Русија, како две млади држави треба пријателски да соработуваат за да ги остават меѓусебните несогласувања зад себе“, изјавил тој, дополнувајќи дека патриотизмот е потребен доколку некоја нација сака да опстои денес.

„Зошто Русија ја поддржува политиката на Путин? Затоа што тој креираше нов бран на патриотизам. Доколку една држава остане без патриотизам, таа ќе исчезне“, заклучил г. Јанис во интервјуто.

Извор: Interfax