На 12 април 2014 година, кога Црквата го слави Воскресението на Лазар Четиридневниот, пријателот Господов, во храмот на свети Мина во с. Проевце, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужи Божествена Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.