В. Легоида: „Кнез Владимир го прифатил христијанството зашто во него видел сила“

"В. Легоида: „Кнез Владимир го прифатил христијанството зашто во него видел сила“"

Претседателот на Синоданлниот Информациски Оддел (СИНФО) на РПЦ, г. В. Легоида, за време на неговото излагање на конференцијата за печат во информативниот центар ТАСС, посветена на јубилејната прослава на илјадолетието од упокојувањето на св. велик кнез Владимир, повикал да запре тенденцијата рамноапостолниот светител да биде преобразен во инструмент на политичките технологии.

Претставникот на Руската Црква истакнал дека понекогаш е тешко да се гледа како, во рамките на политиката, луѓето се трудат одново да ја пишуваат историјата. „Но, сите ние добро паметиме дека трите современи словенски држави што денес се наоѓаат на историските територии на Русија, трите братски народи ги дадоа крштелните води на Днепар. Мошне е важно да продолжиме да ги помниме овие нешта и да не дозволиме политизирање на ликот на св. Владимир, особено оваа јубилејна година“, рекол тој.

Во врска со ова, претседателот на СИНФО го цитирал Свјатејшиот Патријарх Московски и на цела Русија, искажани на 18 јули годинава, на празнувањето на споменот на преп. Сергиј Радонешки во Троице-Сергиевата лавра:

– Ништо не е толку далеку од вистината, отколку ограничувањето на рускиот свет исклучиво во рамките на Руската Федерација. Рускиот свет – тоа е истовремено и украински свет, и белоруски свет. Тоа е светот на цела Русија. Тоа е светот којшто е создаден преку Крштението во Днепар, тоа е светот на св. кнез Владимир, тоа е систем на вредности кој проникнал во културата, во битот на нашиот народ“.

Г. Легоида исто така ги споменал причините поради кои кнезот Владимир, еден млад и силен водач, се покрстил. Според зоборовите на претседателот на СИНФО, тоа се случило затоа што кнезот во христијанството видел сила, а не слабост, како што некој се труди денес да го претстави тоа.

– И тоа сила каква, впрочем, не лежела во долгите мечеви и не во силните тела, туку пред сѐ во силата на духот. Во силата на сфаќањето на тоа дека љубовта ги надминува сите проблеми. Низ целата историја на нашиот народ оваа сила им помагала на нашите предци. Благодарение на неа тие смогнале сили да го прекинат монголското ропство, Смутното време, страшните војни и богоборечкиот режим. И сето ова е директно поврзано со тој извор, направен во десеттиот век од рамноапостолниот кнез Владимир – заклучил Владимир Легоида.

Извор: СИНФО-МП