Во Русија ќе летуваат раселени деца од Сирија

"Во Русија ќе летуваат раселени деца од Сирија"

Стотина деца од православните центри за згрижување на внатрешно раселени лица од Малула во Дамаск се очекува да пристигнат во Москва на почетокот од август, на двонеделно летување во рекреативните кампови во Москва.

– Сигурен сум дека сириските деца целиот живот ќе го помнат престојот во рускиот рекреативен камп, – изјави г. Владимир Јакунин, Претседател на бордот за надгледување на Центарот за национална слава. – Се надевам дека престојот тука ќе им го одвлече вниманието од ужасните настани со кои тие се соочија.

Децата ќе се сретнат и со Неговата Светост, Патријархот Кирил, ќе одат на организирана прошетка низ Москва, ќе учествуваат во проекти и спротски активности.

Во минатото, истиот Центар, заедно со фондацијата „Св. Андреј Првоповикан“ организирал летни одмори за околу 540 деца од Косово и Метохија.

Инаку, околу 1 600 училишта и речиси половина од болниците се целосно или делумно уништени во тригодишниот конфликт во Сирија. Според проценките на ООН, повеќе од 9 милиони сириски и 2 милиони бегалци од соседните земји имаат потреба од помош. Бројот на сириски деца кои живеат во сиромаштија достигна 6,6 милиони во јуни годинава.

Извор: Правмир