Лидери на христијански заедници од 13 земји упатија порака за мир во Украина

"Лидери на христијански заедници од 13 земји упатија порака за мир во Украина"

Изјава на Христијанскиот меѓуконфесионален консултативен комитет за ситуацијата во Украина

Ние, претставниците на православните, римо-католички и протестантски заедници од Азербејџан, Белорусија, Ерменија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Латвија, Литванија, Молдавија, Русија, Таџикистан, Узбекистан и Украина, се собравме заедно за да го искажеме нашето заедничко мислење за насушните прашања за кои се загрижени луѓето во нашите земји.

Деновиве нашите молитви и искрени грижи се со народот во Украина, кој поминува низ нелесни премрежја. Сите наши заедници се молат за оние кои пострадаа или беа повредени за време на политичкиот и социјален конфликт, како и за воспоставување на траен мир и взаемно разбирање меѓу сите граѓани на братска Украина, без разлика на нивната конфесионална или национална припадност.

Ги повикуваме сите оние од коишто зависи иднината на Украина, цврсто да се држат до принципите на слобода на совест и вероисповед, како и до принципот на невмешување на држата и политичките сили во внатрешниот живот на верските организации. Многу добро се сеќаваме на трагичните последици до кои дојде во историјата на нашите земји. Револуциските методи или повиците на насилство, дискриминација и преземање на храмови, не го промовираат единството меѓу Христијаните, ниту придонесуваат за воспоставување на вистински партнерски односи меѓу верските организации и државата, а сè со цел напредокот на целото општество.

Ги повикуваме граѓаните на Украина да вложат труд за да ги избегнат провокациите и за во своите срца да ја сочуваат вистинската љубов кон ближниот, кон неговото човечко достоинство и верски убедувања.

Од своја страна, ја изразуваме нашата искрена подготвеност за промоција на братскиот дијалот и помош во воспоставувањето на мирот во украинството општество преку молитва и дела.

Извор: mospat.ru