Првата служба на белоруски јазик била отслужена на 8 март годинава (Недела на св. Григориј Палама) во црквата на св. Архангел Михаил во регионот Сухарово во Минск. Божествената Василиева Литургија ја отслужил презвитер Александар Шрамко, јавува весникот „Нашe поле“. Според изјавата на отец Александар, патријаршискиот егзарх на Белорусија, Неговото Високопреосвештенство митрополит мински и заславски г. Павле, благословил во таа парохија да се богослужи на белоруски јазик секоја втора недела од месецот, но и почесто, доколку се појави интерес за тоа.
Пред почетокот на Литургијата, на присутните верници им биле поделени летоци со текстот од Символот на верата и Господовата молитва на стандардизиран белоруски јазик. Инаку, во Литургијата учество зеле околу стотина парохјани, соопштува порталот „Минск денес“, меѓу кои и верници од други парохии, чија радост од ваквата одлука била очигледна.
За потсетување, Белоруската Православна Црква е егзархат на Московската Патријаршија во Белорусија, на степен на полу-автономија.
Извор: http://blagovest-info.ru