Света Литургија на Соборот на сите македонски светители

"Света Литургија на Соборот на сите македонски светители"

На 4 октомври 2020 год., Недела по Воздвижение и Оддание на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов, прва Недела во месецот Октомври – кога го празнуваме споменот на Соборот на сите македонски светители, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Литургија во соборниот храм Свети Никола, во Куманово. По Литургијата беше извршен Мал Водосвет и беше пресечен славски колач. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.