Света Литургија на празникот на св. маченик Ѓорѓи Кратовски

"Света Литургија на празникот на св. маченик Ѓорѓи Кратовски"

На 24 февруари 2021 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со митрополитите г. Иларион и г. Јосиф, и епископот г. Јаков служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, беше осветен славскиот колач.