Од посетата на Митрополитот г. д-р Јосиф на Австралија: Литургија во Мелбурн

"Од посетата на Митрополитот г. д-р Јосиф на Австралија: Литургија во Мелбурн"

Од 21 јануари годинава, на покана на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф заедно со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф е во посета на Австралиско-новозеландската епархија.

Во саботата по Богојавление (24 јануари 2015г. по Хр.), кога Црквата го празнува споменот на св. Теодосиј Велики, епархискиот архиереј во сослужение со неговите гости, високопреподобните игумени и епархиското свештенство отслужи Божествена Литургија во соборниот храм посветен на Рождеството на Пресвета Богородица во Сиденхам, Мелбурн. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше осветен камен-темелник на Митрополитската резиденција, чија изградба ќе биде финансирана од прилозите на верниот народ.

Извор: Австралиско-новозеландска епархија