Локација за нов православен храм во Куманово

"Локација за нов православен храм во Куманово"

Кумановско-осоговската епархија купи земјиште со површина од 1902 m2 во месноста викана „Банево трло“ во Куманово за изградба на нов православен храм. Храмот ќе биде посветен на празникот на светото Благовештение на Пресвета Богородица, а изградбата ќе започне на 7 април 2015 година (Благовештение), кога ќе биде осветен камен темелникот.